Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
Наколната населба во Дојранското езеро била една од најбогатите и најразвиени праисториски населби од тој тип на Блаканот. За ова сведочат и најновите наоди добиени од последните истражувања што беа направени на локалитетот Мрдаја во Дојран.
Археологот Зоран Рујак кој повеќе од две децении ги води истражувањата вели дека овој простор бил многу активен подолг период, а населбата по нејзиното рушење најверојатно имала и втора фаза, односно обновување.
Во населбата особено бил развиен стопанскиот живот, а тоа го потврдуваат и големиот број движни наоди откриени годинава. Дел од нив укажуваат на податокот дека овде егзистирале и металурзи кои се занимавале со обработка на руда.
Наколната населба во Дојранското езеро беше откриена во 2012 година.Таа е датирана од преодниот период помеѓу доцното бронзено и железното време и била лоцирана на нај јужната точка на езерото поставена на четири независни платформи, но меѓусебно поврзани. Истражувањата кои изминатите две децении се реализираа во неколку етапи финансиски се поддржани од Министерството за култура и туризам.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар