-->
-->
Во Косовскиот Парламент повторно пуштен солзавец
-->
Седницата на косовскиот Парламент денеска е прекината и пред да почне, откако пратеници од редовите на опозицијата повторно активираа солзавец.
Прогласена е пауза, а во зградата на Парламентот е зајакнато присуството на полицијата.
Косовската парламентарна криза трае подолго од шест месеци, поради тоа што три партии од опозицијата се противат на формирањето на Заедницата на српските општини, како и на спогодбата за демарација со Црна Гора.
Опозицијата се противеше и на изборот на Хашим Тачи за претседател на Косово, но не успеа да го спречи неговиот избор. Тачи беше избран во третиот круг, а во салата беше присутен само пратеникот на радикалното опозициско движење Самоопределување, Иљир Деда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб
-
Воз излетал од шините кај Зелениково
-
Лице пријавено како изгубено во Маврово пронајдено во добра состојба
-
Ким Џонг Ун ја повика војската да се подготви за војна
-
Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата
-
Утрово најстудено во Берово
-
Кливленд го има вториот најдобар старт во историјата на НБА
-
Продлжува комисисиската расправа за Предлог - буџетот за 2025 година