Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
Зголемување на минималецот веднаш и истиот да не биде понизок од 27.600 денари. Синдикатот не отстапува од барањето за пораст на минималната ,а со тоа и на останатите плати. Бараат што поскоро Владата да го свика социо-економскиот совет и вештачки да не ја намалува инфлацијата,за зголемувањето на платите да биде помало. Законскиот рок за пораст на минималецот е март и според пресметките треба да биде повисок за 1.800 денари, согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата .
Очекувам крајот на ноември или почетокот на декември министерот за економија да го закаже социо-економскиот совет и да видиме дали владата има политичка волја да го зголеми минималецот пред Нова Година. Ако сакаме да ја зачуваме куповната моќ на работниците,платите мора да растата. Не може да ја зголемите продуктивноста за 400,450 евра плата. Март е многу далеку, да не чекаме до тогаш. Можеби барањата тогаш ќе ни бидат и над 450 евра, - изјави Иван Пешевски, потпреседател на ССМ.
Денеска Босна и Херцеговина двојно ја зголеми минилната плата .Од сегашните 310 евра ,приходите на работниците со најниски примања ќе надминат 600 евра. Порастот ќе следи од јануари следната година, заедно со фискалните реформи каде газдите ќе бидат ослободени од плаќање на дел од придонесите. Од ССМ бараат да се следи примерот од регионот, и платите солидно да пораснат. Сега, наместо да се мотивираат работниците, дел од бизнисот повторно бара недела да се воведе работен ден. Минатата недела Стопанската Комора за информатички технологии повторно ги побара ИТ инженерите да можат да работат од дома и во недела.
Не треба воопшто да се дискутира за тоа. Ако јас лично се прашувам, во недела ни еден мол не треба да работи, ни еден трговскиобјект во туристичките места. Евентулано да работат фабриките кои не трпат застој во производствениот процес и евентуално вработените во зоолошка, - додава Пешевски.
Недела неработен ден се воведе од 1 јануари 2022 -та година.Тогаш законот не го поддржаа пратениците од ВМРО ДПМНЕ. По изборите, во јули годинава министерката за финансии најави дека владата размислува да го укине недела неработен ден.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар