Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја оценува дека успешно се реализира процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими и оти нивната распределба се одвива согласно предвидената динамика.
-Во текот на вчерашниот ден во Центрите за вработување низ државата поделени се над 90 проценти од вредносните ваучери, а во Скопје и Битола каде што доделувањето беше во СЦ „Борис Трајковски“, односно спортска сала „Боро Чурлески“ беа поделени 79 и 64 отсто од предвидените ваучери.
Со оглед на бројноста на добитниците на вредносни ваучери од овие два града, како и во Прилеп (во Центарот за вработување) доделувањето на ваучерите е на истите локации и денеска. Во моментов на трите локации нема редици и процесот тече во добар ред согласно предвидената динамика, велат од Министерството.
Оттаму ги известуваат сите сите оние кои се уште ги немаат подигнато своите ваучери дека тоа можат да го сторат од понеделник, па до крај на месец ноември, во просториите на Министерството кое се наоѓа на почетокот на улица „Македонија“ спроти Музеј на Град Скопје.
Министерството, додаваат оттаму, останува достапно за сите дополнителни прашања, при што потсетуваат дека редовни информации за тековните активности се објавуваат на нивната веб-страница и преку отворени телефонски линии.
Ново на Сител
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс