Бајден вети мирен трансфер на власта
Американскиот претседател Џо Бајден вети „мирно и организирано“ предавање на власта на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Во својот говор од Белата куќа, претседателот од Демократската партија ја истакна потребата од намалување на политичката тензија во земјата. Ова е прв говор на Бајден по објавувањето на победата на Доналд Трамп.
„Не можеш да ја сакаш својата земја само кога победуваш. Не можеш да го сакаш ближниот само кога си со ист ум. Една работа се надевам дека можеме да направиме е да се гледаме не како непријатели, туку како Американци. без разлика за кого гласавте“, нагласи тој во говор од пред Белата куќа.
„Американскиот изборен систем е фер, праведен и транспарентен. Може да и се верува без разлика дали ќе изгубите или ќе победите“, додаде Бајден.
„Во демократијата, волјата на народот секогаш преовладува“, додаде американскиот претседател на почетокот на својот говор.
Тој оцени дека кандидатката на Демократската партија на изборите и актуелна потпретседателка на САД, Камала Харис водела добра кампања и дека треба да се гордее со неа.
Ново на Сител
-
Нема ризик за безбедноста, државата е во сигурни раце, вели Мицкоски
-
Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна дневница или никој
-
Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка
-
Папата Франциск ја отвори „светата врата“ во затвор на периферија на Рим
-
Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа