Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос

Безживотните тела на тројца мажи и една жена биле извлечени од морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос, додека пак на копно биле откриени 25 бегалци и мигранти кои се во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека, според сведоштвата на преживеаните, , доцна синоќа криумчарот што ги пренесувал ги натерал да го напуштат чамецот додека сè уште биле далеку од копното, по што побегнал.
Бегалците и мигрантите биле оставени во море, 25 од нив успеале безбедно да стигнат на копно, додека пак четворица се удавиле.
Преживеаните преку бројот 112 за итни случаи ги информирале властите и биле префрлени во главниот град на Родос, а крајбрежната служба ги извлекла безживотните тела на тројцата мажи и жената.
Ново на Сител
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
-

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
-

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
-

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување
-

Фредериксен: Данска не преговара за суверенитет, најлошото можеби допрва доаѓа
-

Трамп во четврток во Давос ќе ја потпише Повелбата на Одборот за мир во Газа
