Loading Video...
Свет
6. November 2024 - 12:17

Преглед на вестите од светот

Масовните протести синоќа имаше во Нови Сад, резултираа со серија инциденти и демолираење на градското Собрание. Протестите беа организирани по смрта на 14 лица кога во петокот се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад.

По обраќањето на организаторот, демонстрантите се упатија кон центарот на Нови Сад каде атмосферата се вжешти пред просториите на СНС (Српска напредна странка)  каде беа искршени стаклата на просторијата. Потоа продолжија пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа камења и црвена боја, беа прво искршени прозорците и вратите на градското собрание, а потоа внатре се фрлаа факели и петарди, обидувајќи се насилно да влезат во зградата. Полицијата реагираше и употреби солзавец.

И покрај силните полицијски сили маскираните лица истураа и фекалии врз зградата на Градското собрание, а приземјето на Градското собрание се запали. Нападната е и екипа на ТВ Н1.

Дел од организаторите на протестите, меѓу кои и пратеникот од опозицијата Мариника Тепиќ се оградија од конфликтните ситуации означувајќи ги маскираните лица како провокатори и уфрлени лица кои сакаат да ги редифинисаат протестите.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во своето видео обраќање порача дека сите кои учествувале во протестите ќе бидат казнети. Инаку тој во текот на вечерта ненадејно пристигна во Нови Сад.

Инаку состојбата на тројцата повредени е натаму е тешка, кај двајца стабилна, а кај третиот нестабилна., изјави управникот на Клиничкиот центар Војводина д-р Драган Николиќ.

Со полицајци на коњи и водени топови, израелската полиција ги растера демонстрантите во Тел Авив синоќа откако тие ги блокираа автопатите и запалија огнови на улиците во знак на протест по разрешениот министер за одбрана Јоав Галант, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го разреши Галант. Причината била кризата на доверба во врска со управувањето со тековните воени операции на Израел. Нетанјаху го замени Галант со Израел Кац, претходно министер за надворешни работи, додека Гидеон Сар станува министер за надворешни работи, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху. Новиот министер Кац вети враќање на заложниците и уништување на Хамас и на Хезболах.

Галант и Нетанјаху, двајцата во десничарската партија Ликуд, се судрија околу целите на израелската 13-месечна војна во Газа против палестинската милитантна група Хамас.

Демонстрантите го изразија своето незадоволство, велејќи дека неговиот потег ги загрозува израелскиот народ и земјата, „Ние веруваме дека најлошата закана за самото постоење на државата Израел не е од Иран или Хезболах или Хамас, туку од нашата сопствена влада“ се пораките на демонстраните.