Македонија
2. November 2024 - 16:38

Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност

Владата е фокусирана на реформи а не на избори. Премиерот Мицкоски со порака до Ахмети – да се подготви  уште многу години да седи во опозиција.

Во периодот што следи, Мицкоски вели дека ќе одговораат и за сите криминали

Јас разбирам дека раководството на ДУИ не сака да биде во опозиција, исплашени дека конечно ја чувствуваат и тие одлучноста на Владата за борба против криминалот и корупцијата. Знаат сè што имаат правено во изминатите 20 години, свесни се и знаат дека полека но сигурно доаѓа денот кога ќе треба да бидат одговорни. Како резултат на тој страв, тие непринципиелно се храбрат и мислат дека на тој начин ќе магнетизираат повеќе гласачи“, рече Мицкоски.

Повикувајќи се на дуелот помеѓу Мицкоски и Филипче на собраниската седница за пратенички прашања, лидерот на интегративците вчера од Боговиње го повика премиерот да си стои на зборот и следната година Македонија да оди на двојни избори, предвремени парламентарни заедно со локалните. Денеска пак преку фб му одговори:

Не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на суверенот, да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската унија, за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, процесот на приватизација, како и меѓународно мониторирана неселективна правда.

Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се!“ пишува Ахмети.

Одговор Лидерот на ДУИ вчера доби и од  првиот вицепремиер и поранешен негов најблизок соработник. И Изет Меџити преку фб порача дека ДУИ уште многу време нема да влезе во Влада.

Наместо да се претставува како некој голем фактор на политичката сцена, ДУИ би било подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти своите редови од организираниот криминал и корупцијата.

Пред да закажува мегдани, ДУИ би било добро да му одговори на јавноста:

-  Kаква понуда содржат СМС пораките кои му ги испратиле на премиерот Мицковски во времето кога се преговараше за новата влада?! пишува Меџити