Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
Не сме толку наивни за веднаш да го смениме Уставот. Премиерот вели дека без јасно да го гледаме крајот на преговорите со Европската Унија, уставни измени нема да има.
За позицијата за уставни измени со одложено дејство Мицкоски денеска побара обединување и поддршка од сите општествени структури.
Повикот на Мицкоски доаѓа во време на засилени дипломатски активности кои би резултирале со уставни измени кои би стапиле на сила тогаш кога ќе станеме дел од Европската Унија.
Како добра, идејата на премиерот ја оцени Претседателката на ЛДП, Зајкова која исто така повика не обединување. Според неа, точно е дека Уставот мора да се смени но никаде нема насоки кога тие измени би стапиле на сила.
Премиерот е задоволен што неговите идеи добиваат поддршка во дел од опозицијата. Рече дека вратата за соработка е отворена за секој кој мисли во иста насока со неговата Влада.
Но СДСМ веројатно не е на ист став. Откако лидерот Филипче најави поддршка за секоја идеја која ќе ја забрза интеграцијата, од СДСМ денеска со став дека единствен начин да се почнат преговорите е Бугарите да влезат во Уставот веднаш.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар