Македонија
28. October 2024 - 16:45

Борисов победник на изборите во Бугарија – Неизвесно формирањето на нова Влада

И по победата на вчерашните избори во Бугарија, Бојко Борисов нема да може сам да формира стабилна влада. За да ја превземе власта иако ќе го добие мандатот ГЕРБ и Борисов ќе мораат да коалицираат со неколку партии за да го обезбеди мнозинство во парламентот. За потенцијални партнери го смета сите кои влегуваат во парламентот, освен Преродба на Костадин Костадинов. Себеси се гледа како иден бугарски премиер.

Премиерот Мицкскоски кој во Борисов гледа соодветен соговорник за продолжување на дијалогот и предлогот за уставни измени со одложено дејство, очекува стабила бугарска влада и решение за откочување на македонските интеграции.

Според обработените гласови на 240-те места во бугарскиот парламент влегуваат девет партии. Коалицијата ГЕРБ-СДС освои 26, 40 % од гласовите , по нив е коалицијата на Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија – 14,23%. Трети со 13, 38 проценти од гласовите е Преродба, со кои Борисов изрично кажа дека не планира да преговара за влада. Партијата ДПС-Нов почеток, предводена од Делјан Пеевски, освои 11.45 отсто, Алијансата за права и слободи има 7.49 отсто. Во парламентот влезе и Бугарската социјалистичка партија со 7.52 отсто.

Пратеници добива и Има таков народ на Слави Трифунов. За прв пат во бугарскиот парламент влегуваат партиите Величие и МЕЧ , кои одбија да коалицираат со Борисов.

Повеќе од 82 илјади бугари не поддржале никого. Според тамошните прогнози на  поранешниот бугарски премиер Борисов му се потребни 3 до 4 коалициони партнери за стабилна влада.

Ова беа седми по ред парламентарни избори во последните три години.