Харис за Си-Ен-ЕН: Трамп го сметам за фашист

Потпретседателката на САД и кандидатка на демократите на претседателските избори, Камала Харис го нарече републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп „фашист“, опишувајќи го како „опасен“ и „неспособен“ за функцијата за која се кандидира.
Харис во емисија на Си-Ен-Ен рече дека се согласува со поранешниот шеф на кабинетот на Доналд Трамп, Џон Кели, кој претходно оваа недела изјави дека неговиот поранешен шеф ја исполнува „општата дефиниција за фашист“, објави „Ен-Би-Си Њуз“.
Харис рече дека коментарите на Кели, кои се објавени само две недели пред изборите на 5 ноември, биле „итен повик до американскиот народ“.
-Мораме да ги сфатиме многу сериозно оние луѓе кои најдобро го познаваа – рече Харис, мислејќи на голем број поранешни советници на Трамп кои ја прекинаа соработката со него и ја предупредија јавноста да не му ја доверува власта повторно.
На директно прашање дали мисли дека Доналд Трамп е фашист, таа одговори: „Да, мислам“. Харис и самата тој збор првпат го употреби во јавност, изразувајќи го своето уверување дека на гласачите им дошло до тоа да „немаат претседател на САД кој им се восхитува на диктаторите и кој е фашист“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Високо образование на мајчин јазик е неспорно, македонскиот е официјален јазик во правосудниот систем
-

Роналдо доби казна од 255 евра - пари кои тој ги заработува за само 39 секунди
-

Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
-

Рама најавува нови мерки: Пониска возраст за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Apple чекал 15 години за првиот преклопен iPhone: „Не сакавме да направиме евтин и неквалитетен телефон“
-

Македонскиот крем – де ла крем со предновогодишен концертен спектакл: Сузана, Наум, Миле и Баже со нивните гости во кафеанска ноќ за паметење!
-

Приведена жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142км/ч на место каде дозволената брзина е 50км/ч
-

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
