ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%
Доколку следната недела се одржат избори 27,2% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а 9,6% за СДСМ, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, коалицијата на ДУИ има поддршка од 8,5% а на Вреди 7,8%. Следи Левица со 4,8% и Движењето ЗНАМ со 4%.
15,5% од граѓаните рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, 11,6% одбиле да одговорат, а 10,6% рекле дека не знаат.
Премиерот Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар. Во него најголема доверба имаат 27,8% од граѓаните. Следен е Ахмети во кого веруваат 8,6% по што следи Филипче со 5,5%.
Повеќе од половина од анкетираните имаат позитивни впечатоци за работата на премиерот во првите 100% дена додека нешто под една третина негативни.
Над 55% од граѓаните имаат позитивно мислење за првите 100 дена на Владата, додека 31% негативно.
Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот од 10 до 13 октомври врз репрезентативен примерок од 134 испитаници.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров