Македонски видеоспот за Часот на планетата Земја

Нов македонски видеоспот за акцијата Часот на планетата Земја 2016 денеска беше промовиран во пресрет на најголемата волонтерска акција која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.
Еколошка акција со исклучување на светлата за еден час се организира во преку 7.000 градови во над 170 држави.
Во едноминутното видео се појавуваат инсерти од локациите кои го исклучија осветлувањето за Часот на планетата Земја во изминатите години, но и кадри од центарот на Скопје.
- Навистина беше предизвик да се сними една ваква моќна реклама која ја става Македонија на мапата како една од земјите кои ја одбележуваат оваа светска еколошка акција, но во исто време и ја промовира убавината на нашиот главен град и останатите локации кои ги прикажуваме во рекламата, на глобално ниво. Посебно интересен е моментот кога волонтерите на Црвениот крст заедно со познатите личности ги пуштаат во воздухот хартиените фенери, со што всушност ја пренесуваме главната порака на акцијата оваа година, да заблескаме светлина на климатските промени, вели Ѓорги Селков, главен иницијатор на акцијата Часот на планетата Земја во Македонија.
И македонските познати личности ја искажаа својата поддршка за акцијата. Сашко Коцев, Димитар Атанасовски и Огнен Јанески се само дел од личностите кои оваа година ќе ги исклучат светилките за Часот на планетата Земја, испраќајќи порака за опасноста од климатските промени.
Иако локациите на кои ќе биде исклучено осветлувањето во Скопје, но и низ цела Македонија, сѐ уште не се официјално објавени, организаторите најавуваат дека ќе биде надминат минатогодишниот број од 64 локации кои потонаа во мрак за Часот на планетата Земја.
Оваа година, акцијата Часот на планетата Земја е поддржана од Црвен крст на Република Македонија, Град Скопје, ЕВН Македонија и Канцеларијата на УНДП во Македонија. Голема поддршка за акцијата даваат и голем број медиуми, невладините организации, бизнис секторот и граѓаните.
Ново на Сител
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
