Македонија
10. October 2024 - 12:18

Депонијата Буково ја загадува околината

Депонијата „Буково“ во која се одлага комуналниот отпад од охридскиот регион најверојатно уште ќе ја загадува околината, и тоа еден од најживописните предели покрај магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Ресен.Пожарите во депонијата се повторуваат секоја година, ѓубрето гори, и го загадува воздухот и животната средина.

Дивите депонии се закана каде мештаните често алармираа за тешката миризба која што го загрозува нивното здравје.

Изградба на регионална депонија се најавува години наназад, а истовремено е една од главните препораки во извештајот на УНЕСКО. Со последните планови, таа би требало да се гради кај битолското село Новаци, но и таму постапката за изградба е запрена, поради барањата на локалната власт пред да биде изградена депонијата да се изгради обиколница околу населеното место до самата депонија.