Македонија
8. October 2024 - 16:33

Врховен суд бара државата да спречи загадување на воздухот, граѓаните добија шанса да ја тужат

Врховниот суд ја задолжи државата да обезбеди чист воздух, вода и здрава животна средина. Ако не ја исполнува обврската, секој граѓанин ќе има право да ги тужи институциите.. Судиите од Врховен денеска на јавна седница донесоа начелно правно мислење кое ја обврзува државата да овозможи здрава животна средина како што предвидува и уставот.

Загадувањето дојде во Врховен по иницијатива на адвокати од Охрид преку кои граѓаните тужеле за загадената животна средина, но тужбите ги отфрлил Управниот суд. Дали смеел тоа да го прави, денеска врховните судии одговори бараа од универзитетскиот професор Борче Давитковски. 

За штетните последици, универзитетскиот професор барал податоци од Институтот за јавно здравје. Загадениот воздух годишно одземал по околу 5 илјади човечки животи, а на секои 10 новороденчиња, умирало едно.