Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
Ќе се менува законот за локална самоуправа, со кој ќе можат да се отповикуваат градоначалниците. Сегашниот, донесен во 2002 та не предвидува таква можност. Мандат на градоначалник може да престане само ако е фатен во кривично дело или ако настапи смрт. По бројните незадоволства и критики од првите луѓе на Јавните претпријатија, со кои раководи градоначалничката Арсовска, министерот за локална самоуправа – најавува ново законско решение
Стариот закон е над две децении и не предвидува можност за отповикување на градоначалник. Затоа ние, во соработка со домашни и меѓународни експерти, како и претставници на УНДП, мислиме дека треба да се интервенира во овој закон, да најдеме заеднично решение, да ја смениме оваа аномалија, изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа.
Комуналец, Водовод, ЈСП, Паркинзи, Дрисла, Улица и патишта, Паркови и зеленило се под надлежност на градоначалникот. Арсовска постојано ги менува директорите на овие претпријатија, а состојбата внатре останува иста. Затоа се погласни се барања за одземање на ингеренциите на дел од јавните претпријатија, но и за отповикување, ако не ги реазлира проектите кои ги ветила пред граѓаните.
Министерот Перински информираше и дека до крајот на неделава ќе заврши евалуацијата на скоро 360 проекти кои го доставија општините, кои треба да се реазлизираат со пари од унгарскиот заем.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар