Македонија
29. September 2024 - 16:33

Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски

Преминуваме на дела! Ова е слогонаот на албанскиот партнер во Владата  - Вреди по повод 100 дена од изборот на новата влада на Мицкоски, што треба да се одбележи во вторник. Меџити, Касами, Таравари и Ибрахими задоволно од тоа како ја стартуваа власта. Се пофалија со неколку проекти, но ветуваат дека и одговорност за злоупотребите на претходната власт без партиски реваншизам.

Ден пак, пред свечноста на Вреди, интегративците на Ахмети одржаа состанок, по кој османа нов слоган на ДУИ „Подоготвени ли сте?“ како предизвик на албанскиот партнер во власта. На ова Меџити кусо искоментира: „Само нека продолжат по идеите на Груби“, при тоа коментирајки дека опозцијата е деструктвина и работи на дестабилизација.

Но, додека Вреди се насочува кон ДУИ, од СДСМ порака дека нивното место во Владата може наскоро да биде заменето со она на ДУИ.

Меџити ги одбегна новинарските прашања за положбата на Вреди во Владата, на Спасовски му одговорија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека СДСМ е таа што губи рејтинг постизборно.

„Да не се грижи Спасовски и СДС, ДУИ не им го земаме, заедно од опозиција ќе гледаат како Македонија оди напред….Допрва следува ситнење во СДС заради нивните лоши политики изминативе 7 години, и никакво растурање на пердуви нема да им помогне да го спречат тоа“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

Кабиентот на Мицкоски беше избран на 23 јуни.