Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека планот е првата генерација на редовното служење на задолжителна воена обврска од 75 дена, да биде во касарните во септември 2025 година, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучевиќ за ТВ „Прва“ кажа дека во март следната година, до Собранието на Србија ќе се поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се дефинира и регулира се што е поврзано со служењето на воениот рок.
Владата на Србија на 20 септември го усвои Заклучокот за формирање Работна група за разгледување на активностите и мерките за активирање на обврската за служење на воениот рок во времетраење од 75 дена.
Обврската за служењето на воениот рок во Србија беше укината на 1 јануари 2011 година, со што земјата премина на моделот на професионални вооружени сили, со можност за доброволно служење воен рок.
Вучевиќ рече дека „идејата е во септември 2025 година Војската на Србија (ВС) да биде подготвена да ја прими првата генерација регрути“, и дека, како што наведе, „есента 2025 година можеме да ги очекуваме првите класи на ВС од регрутниот состав“.
Тој рече дека кога сите капацитети ќе се подигнат до максимум, српските вооружени сили, односно Министерството за одбрана, планираат до 20.000 регрути годишно да служат воен рок.
Тој потсети дека задолжителниот воен рок е предвидено да важи за регрутите „од 18 години, односно од 19 до 30 години“, а жените ќе имаат право на доброволно служење воен рок, кој ќе трае 75 дена.
-Веќе нема да има преклопување меѓу старата и младата војска, па кој е „џомба“, а кој „гуштер“, секогаш ќе има само една класа војници и ќе има различни услови, нема тоа да биде враќање на 80-тите и 90-тите (години од минатиот век), рече Вучевиќ.
Тој кажа и дека има разлики помеѓу она што е „приговор на совест“ (некој да бара, од лични причини, да не служи војска) и цивилното (во градинките, геронтолошките центри…) служење на воениот рок и дека се што е поврзано со ова треба да се презентираа пред Министерството за одбрана и ВС.
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
