Loading Video...
Свет
25. September 2024 - 12:16

Преглед на вести од светот

Предупредувачките сирени се огласија во израелскиот град Тел Авив утрово откако една ракета земја-земја беше пресретната од системите за противвоздушна одбрана. Беше откриена како преминува од либан, соопшти израелската војска.

Нема извештаи за штети или жртви. Сирените за предупредување се огласија и во други области на централен Израел, вклучувајќи го и градот Нетања.

Министерот за јавно здравје на Либан, Фирас Абијад, ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да ги прекине своите воени операции во Либан и повика на повеќе медицински материјали за да му се помогне на либанскиот здравствен систем кој се бори да се справи со приливот на жртви по серијата неодамнешни израелски напади.

Воздушни напади на Израел низ Либан од понеделникот резултираа со 558 загинати и 1.835 повредени. Педесет деца и 94 жени се меѓу загинатите во нападите, изјави во вторникот Фирас Абиад. Авионите на израелските воздухопловни сили фрлиле околу 2.000 бомби врз цели на Хезболах, погодувајќи околу 1.500 локации, а нападите со беспилотни летала исто така нападнале стотици локации поврзани со групата. Инаку утрово забележани се пламени долж границата меѓу Израел и Либан, додека нападите од двете страни ги зголемија стравувањата од целосна војна на Блискиот Исток.

Област во Бејрут е уништена од израелскиот напад во вторникот, при што загина командант на Хезболах, кој беше водечка фигура во нејзината ракетна дивизија, а Хезболах потврди дека тоа е високиот командант Ибрахим Кубаиси

Десетици илјади луѓе избегаа заради безбедност.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на Генералното собрание на ОН им порача на светските лидери дека Либан не смее „да стане уште една Газа“, откако израелските воздушни напади врз милицијата Хезболах таму убија повеќе од 550 луѓе.

Русија со водени бомби погоди висококатница и пекара во североисточниот украински град Харков, при што загинаа најмалку три лица, а 31 беа повредени, соопштија властите.

Сликите од локацијата покажаа дупка разнесена низ деветкатниот станбен блок, неколку ката од него целосно уништени. Зградата била директно погодена. Русија лансираше осум бомби, од кои шест го погодија Харков.

Претседателскиот кандидат на републиканците и поранешен претседател Доналд Трамп, во своето обраќање во Џорџија рече дека Бајден и Камала ги вовеле САД во војната во Украина и сега не можат да не извлечат и дека САД треба да се повлечат од Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази екстремен скептицизам во врска со преговорите со Русија за ставање крај на тековната војна меѓу двата соседа.