ТРИТЕ СЕСТРИ
На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, Донуш и Дерја, три млади девојки кои живееја среќно со својата мајка и татко. Но, времето секогаш пишува своја историја, па така и деновите кои надојдоа, донесоа ветришта кои засекогаш ги променија судбините на овие сестри. Миговите кога трите сестри ги споделуваа своите радости, својата среќа и младешки тајни се чини дека завршија.
Ќе следуваат ли сега среќни денови за Туркан како невеста во богатото семејство Корман? Ќе успее ли конечно нашата хероина да ги промени нештата, да се спротистави на доминантната свекрва и да го зачува бракот со Сомер? Тешко ќе биде да се прифати реалноста и фактот дека во нејзиниот и животот на нејзиниот сопруг сѐ уште постои фаталната Мине, бившата љубовница на Сомер. Но, во име на иднината и бракот, Туркан ќе мора да се избори и со тоа.
Сенките од минатото носат неочекувани пресврти во кои сестрите ќе бидат ставени пред нови искушенија, но и нови разочарувања. Следуваат драматични случувања во животот на Туркан и нејзините сестри кои ќе донесат бура на емоции и значајни животни поуки.
Семејната приказна за „Трите сестри“ е базирана на познат бестселер напишан од турската писателка и глумица која во серијата го толкува ликот на мајката на трите сестри. Серија која за кратко време привлече голем број на обожаватели и успеа да ги спои животните драми во една безвременска телевизиска бајка.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица