Македонија
21. September 2024 - 16:33

Манастирот во Вељуса преполн со верница за празникот Мала Богородица

Манастирот во Вељуса преполн со верници за празникот Мала Богородица.

Стотици верници од различни краеви на државата празникот посветен на раѓањето на мајката Божја го одбележаа во манастирот , Воведение на Пресвета Богородица,,  во Вељуса.

Празнувањето на големиот христијански празник во народот познат и како Мала Богородица започна уште синоќа кога колони од народ обединети  во верата дојдоа  во еден од најстарите манастири во државата да и се поклонат  на Богородица, но и да запалат свеќа за здравје за нив и нивните семејства. За отец Стоил од струмичката православна епархија ова е  празник чие значење тешко може да се опише со зборови  бидејќи Богородица најдобро се објаснува со молчење.

За Верниците овој празник е посебен и не е само момент на индивидуална молитва, туку и момент на заедништво и почит кон своите блиски и  сопствената вера.

Во чест на Богородица синоќа во манастирот во Вељуса се одржа целовечерно бдение и служба посветена на неа , а потоа и утринска литургија. Традиционално по повод празникот, од страна на  домаќините од  манастирот и оваа година за сите гости беше подготвена и посебна празнична трпеза.