Македонија
18. September 2024 - 16:39

Потребни итни реформи во судството, состојбата е алармантна

Состојбата во судството е алармантна, а реформите повеќе од итни. 60-тина судии и јавни обвинители заеднички изготвија препораки како да се подобрат состојбите и да врати довербата кај граѓаните. Едногласни се во барањето за повеќе пари и финансиска независност, повеќе ресурси и доекипирање.

Проектот на Коалицијата Сите за правично судење за подобрување на состојбите во правосудството финансиски е поддржан од Амбасадата на САД во земјава. Амбасадорката Агелер вели дека неуморно ги поддржуваат реформите во овој сектор кои треба да ја зголемат довербата и ефикасноста на владеење на правото. Доказ за тоа се и вложените повеќе од половина милијарда долари изминатите години.

Со препораките кои ги изготвија судиите и јавните обвинители кои опфаќаат и конкретни измени на Законот за кривична постапка следниот период ќе бидат запознаени и пратениците и министрите.