Македонија
18. September 2024 - 16:38

Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција

Можам да разговарам со секого, но Ахмети и Села да сфатат дека се во опозиција. Лидерот на Алијанса и Министер за здравство утрово одговори на вчерашниот повик на Села за обединување на сите албанските политички партии

Села вчера во телевизиско гостување повика да се здружат сите албански партии, без разлика дали се на власт или опозиција, за да го спречат остварувањето на како што рече недобронамерните планови кон Албанците и другите заедници. Тој оцени дека има многу предрасуди од македонскиот политички фактор кон Албанците.

Играта на етничка карта не е ништо ново во албанскиот политички блок. Премиерот Мицкоски во повеќе наврати предупреди дека во текот на есенскиот период можен е обид за дестабилизација. Села не крие дека оваа есен се планираат протести но ги нарече начин на изрази незадоволството од како што рече кршењето на правата на граѓаните преку кршење на легитимноста изразена со нивните гласови.