Во домот на Сузана и Венцо од Пробиштип се роди шесто дете

Триесет и седум годишната Сузана Петровска од Пробиштип ја доби својата шеста рожба. Сузана и нејзниот сопруг Венцо од рано утрово во нивното семејство имаат шест деца и се најмногудетното семејство во Општина Пробиштип.
Петровска во штипската Клиничка болница на свет донесе женско новороденче и смета дека е најубавиот и најмил подарок за 8 ми март Денот на жената.
- Ова е најубавиот подарок што може една мајка да го добие за овој ден. Ниедно цвеќе не може да го замени. Многу сум задоволна и пресреќна, рече Петровска.
Според неа, потребна е голема организација за да можат да функционираат како големо семејство.
- Три деца имаме кои одат на училиште и со нив треба да се работи, а две деца ни одат во градинка, а сега со најмалото шестото ќе треба помош, рече Петровска.
Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски и директорите на Клиничка болница-Штип денеска ја посетија Сузана и нејзиното новороденче. Петровска доби подароци од Општина Пробиштип, а градоначалникот Тоневски најави финансика помош за најмногудетното семејство во неговата општина.
- Ние како Општински совет на наредната наша седница, закажана за овие денови, ќе донесеме соодветна одлука со која финански во наредниот период,а во рамките на можностите на Општината ќе им помогнеме на ова многудетно семејство, рече Тоневски.
Мајката Сузана, откако го родила своето петто дете преку проектот за вработување на ЈП „Македонски шуми“ е вработена во Македонски пошти, а нејзниот сопруг Венцо работи во приватна фирма. Иако работат, сепак потребни им се поголеми финансии, но и станбен простор за шестте деца. Тоневски истакна дека со изградбата на социјалната зграда во Пробиштип, ова прво семејство со шест деца во неговата општина ќе добијат и нов стан.
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
