Во пресрет на дебатата, Трамп се заканува со затвор за вмешаните во „изборната кражба“

Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, објави, само неколку дена пред неговата прва и веројатно единствена дебата со противкандидатката за претседателство, актуелната потпредседателка на државата Камала Харис, закана преку социјалните мрежи дека ќе ги затвори сите кои биле „вмешани во кражба на изборите“ пред четири години.
Трамп исто така изјави дека овие лица ќе бидат подложени на интензивен надзор.
„Кога ќе победам, овие луѓе кои ги украдоа изборите ќе бидат процесирани, што ќе вклучува и долготрајни затворски казни за да се спречи повторување на оваа изопаченост на правдата“, напиша Трамп, повторно изразувајќи сомнеж во интегритетот на изборите.
„Да знаете дека оваа правна изопаченост се протега на адвокати, политички оперативци, донатори, незаконски гласачи и корумпирани изборни службеници. Тие кои се вмешани ќе бидат барани, фатени и процесирани на нивоа кои до сега никогаш не се видени во нашата земја“, се закани Трамп.
Оваа порака претставува најнова негова закана дека ќе ја искористи претседателската функција за одмазда ако освои втор мандат. Нема никакви докази за некаква изборна кражба, на која тој и понатаму инсистира дека се случила на изборите во 2020 година. Десетици судови, републикански државни службеници и неговата администрација се изјаснија дека немало кражба и тој ги изгубил изборите.
Трамп избегна традиционални подготовки за дебата, бирајќи да одржува собири и настани, додека Харис од четвртокот работи со своите помошници во хотел во центарот на Питсбург. Таа се согласи на една дебата, чиј домаќин ќе биде Еј-Би-Си.
Ново на Сител
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
