Македонија
3. September 2024 - 17:17

Почина затвореник во „Идризово“

На 03.09.2024 во 05.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот А.О.(58) од Скопје, кој имал здравствени проблеми, соопшти МВР.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.