Македонија
31. August 2024 - 16:32

Кога ќе има К-15 во средното?

Вработените во средните скопски училишта К-15 ќе добијат во исто време кога ќе добијат сите вработени во администрацијата.

Град Скопје извести дека го пуштиле налогот за исплата на регрес за годишен одмор, но градот тврди дека МОН ја кочи исплатата на К-15.

-За да ги добијат овие средства за регрес за годишен одмор вработените во училиштата под надлежност на Град Скопје, Министерството за образование и наука треба да ја одобри исплатата извршена од Град Скопје. Не сакаме да прејудицираме дека се работи за политички мотивирана одлука со која директно се наштетува на вработените во образовните институции во градот Скопје, но не гледаме друго логично објаснување зошто се блокира оваа исплата од страна на МОН, велат од Град Скопје.

Но исплатата ќе се врши за сите во ист период. Министерството за финансии парите ќе ги пушти некаде пред крајот на годината.

-Министерката за финансии се обврза да обезбеди средства за оваа намена, истите се обезбедени и известени сме дека регресот за годишен одмор ќе се исплати за сите вработени во јавната администрација, вклучително и за наставниците во текот на ноември или декември месец, велат од МОН.

Односите меѓу централната власт и Град Скопје се заладени уште кога моменталната гарнитура беше во опозиција. Премиерот и градоначалничката одржаа една средба која наместо со решение за проблемите во Градот резултираше со нови препукувања и одбивање на советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат клучните проекти на Арсовска.