МОН: Над 1 000 образовни асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во новата учебна 2024/2025 година во редовните основни училишта ќе бидат ангажирани над 1 000 образовни асистенти кои ќе помогнат во унапредување на воспитно - образовниот процес на учениците со попреченост и ќе им помагаат во секојдневното извршување на училишните обврски.
Образовните асистенти се ангажираат преку основните училишта со ресурсни центри, а согласно барањата на родителите и старателите на учениците со попреченост.
Според МОН, досега се целосно спроведени огласите за 815 образовни асистенти, а обезбедени се средства и согласности за дополнителни 200, кои по изборот преку јавни огласи, пред да бидат ангажирани, ќе поминат дополнителна обука за квалитетно извршување на предвидените работни обврски.
-Согласно Правилникот за норматив, опис на компетенции и работни задачи на образовен асистент, еден образовен асистент може да обезбедува поддршка на еден до три ученици со попреченост во иста паралелка. Доколку се случи ученик со попреченост да нема образовен асистент од првиот училишен ден, училиштата се должни преку училишниот инклузивен тим, а во соработка со ресурсните центри да ја обезбедат потребната поддршка на ученикот за успешно почнување на образовниот процес. Училишниот инклузивен тим развива инклузивна стратегија за прием и адаптација на учениците со попреченост во наставата од самиот почеток на учебната година, наведува МОН.
Ново на Сител
-
Светски ден за подигање на свеста за аутизмот: Ја осветлуваме убавината на различноста
-
Се очекува Филипче да соопшти повеќе детали за лидерската средба, партиите чекаат детали по што ќе заземат став
-
Јавна седница на ССМ пред законодавниот дом, ќе се бара минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче - Долно Лисиче и првиот мост во Батинци
-
Советот на јавни обвинители треба да го разгледа предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Бела куќа: Трамп е разочаран и од Путин и од Зеленски
-
Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“
-
Со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев продолжува судењето за убиството на Вања и Панче