Скопје нема да добие нови автобуси
Скопје нема да добие ни нови автобуси, ни БРТ. Мнозинството совентици на денешната седница не дадоа зелено светло за двете точки кои треба да го подобрат јавниот превоз. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за набавка на нови еко автобуси. Рака кренаа 20, а потребни се минимум 23. За разлика од порано кога требаше да се гласа за кредитно задолжување, сега предлогот беше само потреба за набавка на автобуси.
Првиот човек на советот, Славески рече дека нема да ја поддржи одлуката оти во буџетот за годинава нема пари за таа намена, на што реагираше градоначалничката Арсовска.
Не помина ни точката за воведување БРТ, проект од мандатот на Шилегов, за кој веќе има 70 милиони евра од ЕБОР. Не гласаа ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Зелен хуман град.
Состојбата со јавниот превоз со месеци е влошена, а поголеми проблеми ќе има од понеделник кога почнува учебната година со што ќе има се повеќе патници. Директорот на ЈСП најави дека ќе се сервисираат триесетина расипани автобуси, но и тоа нема да биде доволно.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар