Македонија
28. August 2024 - 16:40

Поранешни директори во здравството користеле најскапи службени телефони

Последна генерација на скап мобилен телефон и голем број броеви задолжил поранешен директор на здравствена установа и тоа на тендер што бил реализиран минатата година. Иако наводно бил оставен список, според информации на Сител не се знае кој ги корисити овие уреди за кои веќе е побарано од новиот менаџмент да бидат вратени. Но ова не е единствен случај. Луксузни мандати имале  и други организациски директори кои веќе не се во  директорски канцеларии бидејќи оваа функција е укината со закон.

-Се појави состојба кога имаме организациски директор кој има задолжено 86 мобилни телефони. Има бројка која е поголема од 10 и сето тоа спаѓа во недомаќинско работење. Има многу примери, веројатно анализите допрва ќе се прават но сериозна е бројката што ќе се заштеди со укинувањето на економските директори, вели д-р Игор Николов, советник на премиерот за реформи во здравството.

За екс директорот кој имал задолжено најмногу службени телефони ако не ги врати, од установатра велат дека документацијата ќе ја достават до соодветни надлежни институции.

Покрај скапите мобилни, според информации на Сител организациски директори имале и скапи комјутери, можност за службени патувања и ангажирање на преведувачи.

Со законското укинување на економските директори кое се случи кон средината на месецот, заштедите нема да бидат сдамо од платите кои оделе за овие функционери туку и бројните други трошоци што ги правеле додека биле на функција.