Атракција на Охридското Езеро
„Човекот амфибија“ ,70 годишниот Јане Петков со нов подвиг во Охридско Езеро. Во многу сложени услови, врзан со лисици, ланци и катинари, потопен на дното на Охридското Езеро, кај плажата Сараиште се ослободи и излезе на површината на водата, без никакви помагала, благодарение на техниките за дишење и медитацијата.
Петков вели дека цел живот се подготвува и спремен е за секој негов следен прердзивик иако сеуште незнае што ќе биде тоа
На почетокот на 1990-те, тој постави уникатен рекорд за пливање 2.100 метри под вода во базен за нешто повеќе од еден час, земајќи здив секој пат кога ќе го допре ѕидот. Оттука и неговото име „Човек амфибија“.
Првиот, спортско- медицински настан за Гинисов рекорд беше организиран 2013 година, кога Јане Петков преплива растојание поголемо од 2 км., на Охридското Езеро, од плажата Орце Николов до Градското пристаниште, целосно врзан во вреќа.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар