-->
-->
Од четврток попладне во прекин системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ
-->
Управата за јавни приходи соопшти дека од четврток попладне нема да бидат во функција системите е-ПДД и е-Даночни услуги, а можни се прекини и во работењето на апликацијата „МојДДВ“.
Прекините, како што информира УЈП, се поради надградба на овие системи.
- Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира, се вели во информацијата од УЈП.
Апелираат до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД/Избори: На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи на претседателските избори
-
Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен
-
Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“
-
Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда
-
Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
-
Седници на две собраниски комисии
-
Избори во САД: Трамп во водство
-
Премиерот Мицкоски во посета на МАСИТ