Радев ги распиша вонредните избори за 27 октомври и го потпиша указот за именување на преодна влада на Бугарија
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги закажа вонредните парламентарни избори за 27 октомври, седми во последните три години и потпиша указ за именување на нова преодна влада предложена од Димитар Главчев кој е номиниран за привремен премиер.
Се очекува членовите на новата влада веднаш да положат заклетва пред претседателот на Народното собрание – јавува „Радио Бугарија“.
Новата преодна влада има еден вицепремиер, министерката за финансии Људмила Петкова. Разликата меѓу новата и старата привремена влада на Димитар Главчев е разрешувањето на министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, чие место ќе го заземе актуелниот шеф на Националната полиција Атанас Илков – објави „Радио Бугарија“.
Главчев покрај премиерската функција повеќе нема да ја извршува функцијата министер за надворешни работи, туку шеф на бугарската дипломатија ќе биде Иван Кондов, досегашен заменик министер за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Противниците на Трамп подготвени за масовни протести низ САД
-
Уапсен 26-годишен неготинец, украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат
-
Началниците на генералштабовите на Франција и Британија се сретнаа со Зеленски во Киев
-
МВР со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки, да се пријават во полиција
-
Претреси во струмичко, пронајдена дрога | ФОТО
-
Познати сите екипи кои се пласираа во следната рунда од Евролигата
-
Милер го напушта Баерн по 25 години минати во клубот
-
Мицкоски на ПС НАТО: Да се размисли за механизми со што нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната цел