Македонија
22. August 2024 - 20:04

Охрид и ова лето со бројни спортско-рекреативни настани

Охрид и ова лето со бројни спортско-рекреативни настани привлекува туристи. Второто издание на манифестацијата Ohrid Water Festival која отпочна со меѓународниот едриличарски камп на 15 август и со почетокот на денешната едриличарска регата а завршува на 31 август со охридскиот пливачки маратон има за цел промоција и развој на подзаборавените водени спортови, заштита на Охридското Езеро и негова промоција, како и збогатување на туристичката понуда, настан кој означува крај на летната сезона во градот.

Организаторите на овој настан подвлекоа дека за разлика од лани оваа година има континуиран раст во однос на бројот на учесници за сите спортски настани.

Оваа година во рамките на фестивалот ќе има 20 спортско рекреативни кои во најголем дел се од меѓународен карактер но и социо-едукативни настани.