Македонија
22. August 2024 - 16:37

ДУИ најавува излегување на нивните градоначалници од ЗЕЛС - Ѓорѓиевски нема добиено такви барања

Ниту еден од градоначалниците на ДУИ не пријавиле во ЗЕЛС дека ја напуштаат заедницата поради страв дека ќе ги изгубат општинските ингеренции. Според првиот човек на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, дел од градоначаниците на ДУИ и не знаеле за партиски став кој стигна од Мала Речица. Алармира дека ако се оствари ваквото сценарио ќе трпат само граѓаните.

За премиерот најавите на интегративците за излегување на нивните градоначалници од ЗЕЛС се незрел потег. Ако не се дел од власта на централно ниво, не значи дека треба да носат вакви одлуки и на локално ниво, смета Мицкоски.

ДУИ пак обвинува дека новата Влада политички да ја злоупотребува оваа институција. Тврдат дека самите градоначалници побарале излегување од ЗЕЛС.

Централизацијата и амбициите за преземање на надлежностите од опозициските општини се неприфатливи и претставуваат обид за заобиколување на градоначалниците од редовите на албанската опозиција. Затоа, и во ДУИ се доставени сериозни иницијативи од страна на градоначалниците на општините предводени од албанската опозиција за да го разгледат ставот за учеството на градоначалниците во ЗЕЛС, велат од ДУИ.

Од Вреди му порачаа на ДУИ, наместо да обвинуваат за дискриминација на градоначалници, да се оградат од струшкиот градоначалник Мерко.

Синоним за “мувлата на ДУИ” е да најавуваш дека ќе го напуштиш ЗЕЛС наводно заради дискриминација на општините кои ги водат нивни градоначалници, а да нема доблест, чест и образ да се оградиш од Рамиз Мерко затоа што е ставен на црната листа на САД, реагираат и од владиниот партнер Вреди.

Ваквата реакција следува откако ЗЕЛС достави иницијатива до влада за одземање на ингеренциите на скопската градоначалничка по бројните реакции за нефункционирање  на Комуналец и Паркови и зеленило и лошата хигиена во главниот град.