Мицкоски: Нема проблем во владината коалиција меѓу Вреди и ЗНАМ
Нема проблем во владината коалиција, се функцинира беспрекорно. Ова е ставот на премиерот Мицкоски откако деновиве двата коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ – албанскиот Вреди и помалиот ЗНАМ ја заострија меѓусебната реторика со обвинувања кој како работи.
За опозициската СДСМ владината коалиција функцинира само за да ги заштитат оние кои го кршат законот.
- Толку беше од неговите гласни ветувања за политичка одговорност, сега беспрекорно ќе се штитат меѓусебно во кршењето на законите, своеволието и криењето на скандалите. Мицкоски наместо да биде коректор на лошите политики и однесување на функционерите во неговата коалиција, тој се постави како заштитник и промотор на ваквите политичари. Со оваа изјава, можеме да бидеме сигурни дека одговорност кај ниеден функционер нема да има, ниту кај оние од ВМРО-ДПМНЕ ниту кај коалициските партнери, велат од партијата на Филипче.
ЗНАМ на Максим Димитриевски отворено ја критикува[e работата на собранискиот спикер Гаши и за инцидентот на обезбедувањето на скопскиот аеродром , но и за неговотот свадбено патување во Косово. Димитриевски пред два дена рече дека Вреди не се негов владин партнер, туку дека тие се партнер на нивниот партнер и дека заради тоа ќе ги почитува, но испрати и порака дека погрешно е ВРЕДИ да ги имитираат Интегративците бидејќи ДУИ се веќе видена работа.
Тараври пак, вечера му возврати на лидерот на ЗНАМ да ја спушти топката бидејќи веќе догодина ќе му требаат албанските гласови во Куманово за нов градоначалнички мандат.
Ова не е прва кавга меѓу партнерите во владата. Првиот судир беше за „Балансерот“ откако министерот за администрација, Горан Минчев ја прилагоди алатката за вработување во јавната администрација со процентите на етничките заедници од резидентното население без дијаспората. Тогаш ВРЕДИ ја обвини ЗНАМ за партија со политички идентитет на „анти-албанска доктрина“.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар