Бегалец од Шутка помагач во убиството кај Мавровка

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода едно лице за кое постои сомнение дека било инволвирано во убиството кај Трговскиот центар „Мавровка“. Станува збор за затвореник кој бил во бегство од КПУ Затвор - Скопје.
Како што информираат од Обвинителството во тек се вештачења на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост на ова лице во настанот, а осомничениот е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување.
- Со оглед на тоа што приведениот е осудено лице за друго кривично дело и бил во бегство од КПУ Затвор – Скопје врз основа на издадената потерница и по консултација со јавен обвинител, тој денеска е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување, стои во соопштението.
За овој настан, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поведе истрага против едно лице, кое се гони за кривични дела – убиство, обид за убиство и недозволено поседување оружје и на кое по предлог на јавниот обвинител му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
