МВР: Претреси во Скопје, се трага по третиот осомничен за целосно расчистување на убиството кај "Мавровка
- Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на целиот ден се преземаат мерки и активности за расчистување на кривичното дело убиство, кое денеска беше извршено на паркинг простор пред ТЦ “Мавровка” и оти мерките и активностите продолжуваат и во текот на вечерта.
-Веднаш по добиената пријава за пукање во близина на ТЦ „Мавровка”, при што бил застрелан В.Е.(59), кој починал на местото на настанот, веднаш се преземени низа оперативно - тактички мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. Извршени се претреси и прегледи на повеќе локации и возила, а беа ангажирани и полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, хеликоптери и дронови. Приведени се две лица за кои постојат основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од КЗ, кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка по целосно расчистување и документирање на случајот, се наведува во соопштението.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото осомничено лице односно целосно расчистување на случајот во координација со ОЈО Скопје.
-Во текот на денот од страна на СВР Скопје по издадени наредби од страна на судија на претходна постапка извршени се претреси на четири локации за кои постојат индиции дека престојувале лицата инволвирани во кривичното дело. При преземањето на мерките и активностите пронајдени се доволен број на материјални докази. СВР Скопје и вечерва спроведува низа на оперативно - тактички мерки со цел лишување од слобода на третото осомничено лице, стои во соопштението.
По целосното расчистување на случајот, од МВР најавуваат дека ќе ја информираат јавноста.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата