МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП "Гази Баба 2007"
МВР поднесе кривична пријава против В. М. (31) поради основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик - ,,злоупотреба на службена положба и овластување", со тоа што во текот на 2021 година, со неизвршување на своето службено овластување како в.д. директор на ЈКП „Гази Баба 2007" Скопје го оштетил буџетот на Општина Гази Баба во износ од 1.218.000 денари.
Од МВР информираат дека Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција преземаше предистражни дејствија и во координација со СВР Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против В. М. (31) поради основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик - ,,злоупотреба на службена положба и овластување".
-Пријавениот во својство на в.д. Директор на ЈКП "Гази Баба 2007" Скопје во текот на 2021 година, со неизвршување на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, покрај останатите, ангажирал седум сезонски работници кои не потпишале писмен договор за работен ангажман во ЈП, за кои не извршил контрола на редовноста на нивните работни места, и истите биле водени како наводно да биле редовно приситни на работа а за кои пријавениот потпишал и од Буџетот на Општина Гази Баба им исплатил плата во вкупен износ од 1.218.000,00 денари за нивното наводно ангажирање, за кој износ седумте лица се стекнале со противправна имотна корист а на штета на Буџетот на Општина Гази Баба, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Во Штип наврнале 18 литри дожд на квадратен метар, денеска услови за невреме и град
-

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон
-

УХМР издаде метеоаларм за невреме со град и ветер над 60 km/h
-

Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето
-

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран
-

Невреме во регионот - Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава
