Улогата на жената во мировните мисии
„Жените станаа релевантен дел од националната и меѓународната безбедносна политика“ -едногласно истакнаа учесниците на денешната конференција ,“Улогата на жените во мировните процеси“.
Улогата на жените во формалните и неформалните мировни процеси е круцијален фактор за создавање на одржлив мир-потенцираше Драгана Кипријановска заменик министерот за надворешни работи.
Амбасадорот на Холандија рече дека правата на жените се човекови права.
Зна чајната улога на жените во превенција и менаџирање на конфликтите е официјално обзнанета од ОН со Резолуцијата 13/25 на Советот за безбедност во 2000 година.
Конференцијата ја организираше Министерството за надворешни работи со помош од дипломатската академија и директоратот за политичка и безбедносна соработка.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
