Таравари: ДУИ не можат да прифатат дека се опозиција, па организираат приватни журки
Откако ДУИ најави дека ќе има посебна прослава за одбележување на годишнина од Рамковниот договор, министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарски прашања рече дека ДУИ се уште не можат да прифтат дека се опозиција и организираат приватни журки.
-ДУИ некако секогаш има претензии да ги приватизира одредени настани. Се уште не можат да прифатат дека се опозиција, меѓутоа им треба време и ќе се навикнат на тоа. Ќе прифатат приватни журки, забави може секој да организира. Ние ги повикавме на утрешниот настан којшто го организира Владата на Република Македонија, добредојдени се, а приватни журки нека продолжат нека си организираат, рече Таравари.
Тој истакна дека историските настани никогаш не биле приватна припадност на некој, секогаш ќе бидат настани коишто им припаѓаат на граѓаните коишто живат тука.
Европскиот фронт најави дека по повод 23-годишнината од Охридскиот мировен договор, утре организира, како што ја нарече, Академијата за легитимитет, во хотелот „Александар палас“ во Скопје.
Пратеничката Саранда Имери од коалицијата „Вреди“ во петокот го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да присуствува на државното одбележување на годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор од 2001 година.
Таа истакна дека повод за нејзиното обраќање е обидот, како што рече, „да се приватизира еден светол датум во албанската историја“.
- Пред 23 години беше испишано ново поглавје во историјата на Македонија кога беше потпишан Охридскиот договор. За мене како ќерка на Имер Имери, еден од потписниците на овој историски договор, ова претставува многу повеќе од политички документ. Тоа е наследство на една генерација која се бореше за подобра иднина и заедничко општество. Чувствувам огорченост кога гледам како еден датум кој треба да не обедини се користи за тесно партиски интереси, рече таа во петокот.
Ново на Сител
-
За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар
-
Министерот Муцунски во работна посета на Австралија
-
Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8
-
Денес тргнува првиот воз од Скопје за Куманово
-
Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“
-
Зеленски: Повеќе од 45.000 украински војници загинаа во војната
-
Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто