Утре во Белград голем протест против најавениот ископ на литиум
Во организација на еколошки здруженија утре во Белград ќе се одржи протест поради најавата за отворање рудник за литиум во долината на Јадар.
Протестот ќе започне во 19 часот на денот на истекот на рокот од 40 дена што еколошките здруженија и го дадоа на Владата на Србија да го усвои законот за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.
Организаторите најавија дека на протестот ќе говорат претседателот на здружението „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ, Љиљана Браловиќ од Здружението на еколошки организации на Србија (СЕОС), научниот советник на белградскиот институт за хемија Драгана Ѓорѓевиќ и актерката Светлана Бојковиќ.
Утрешниот протест ќе биде последен во низата од 50 собири на граѓани кои започнаа на крајот на јуни во Србија по повод најавата за отворање рудник за литиум.
Претседателот на здружението „Не дамо Јадар“, Златко Кокановиќ, претходно изјави дека ќе организира „мирен и достоинствен“ митинг во Белград. Организаторите најавија и дека по средбата ќе организираат блокади на патиштата во Белград, но не прецизираа на кои локации.
Тие ги повикаа граѓаните да дојдат на протестот без партиски обележја.
Ново на Сител
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември