Македонија
8. August 2024 - 16:39

Годинава нема пролетен распуст за учениците

Годинава нема да има пролетен распуст за учениците. Ваква одлука донесе МОН, откако завршија анкетите, спроведени интерно во училиштата, на кои родителите и децата можеа да си кажат дали годината сакаат да заврши на 10 јуни, или неколку дена подоцна.  

Од следниот месец, традиционално, во клупите основците ќе седнат без сите на број печатени учебници. Од прво до деветто одделение повторно нема книги за странските јазици. Нема да има ниту хартиен материјал за јазиците на заедниците. 

За седмо, учебниците се печатат по старата програма. И за средношколците во стручните училишта нема да имаат комплетен број на материјали. Во печат се над 100 илјади учебници за нив, кои според најавите, ќе бидат дистрибуирани во текот на целата година. 

До крајот на годинава наставниците не може да се надеваат на покачување на платите, оти МОН во буџетот нема пари за тоа.

За повисоки плати за 12 проценти, наставниците ќе си почекаат до март, следната година.