Фудбал
7. August 2024 - 14:55

УЕФА ги казни Мората и Родри

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги суспендираше на еден натпревар шпанските репрезентативци Родри и Алваро Мората поради нивното однесување за време на прославата на трофејот освоен на Евро 2024, објави прес-службата на организацијата.

Инцидентот се случи на 15 јули во Мадрид. За време на прославата на победата на Европското првенство, фудбалерите постојано ја извикуваа паролата „Гибралтар е Шпанија“. 

Во врска со ова, Фудбалскиот сојуз на Гибралтар поднесе жалба до УЕФА.

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Англија (2:1) во финалето на Европското првенство одржано пред два месеца во Германија.