ЕУ ќе ја затвора балканската бегалска рута

Лидерите на ЕУ на денешниот вонреден Самит во Брисел, посветен на мигрантската криза, се очекува да донесат одлука за затворорање на рутата за беглаците долж балканските земји, како дел од напорите за запирање на праксата за новно препраќање од Грција кон централна Европа.
Во писмо упатено да шефовите на држви или влади на членките на Унијата, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази „внимателен оптимизам“ дека на денешната средба на врвот, како и на Самитот ЕУ-Турција, ќе бидат постигнати „позитвини резултати“.
Според Туск, како што јави БТА, затворањето на балканската бегалска рута нема целосно да го реши проблемот со мигрантите, па затоа е потребно да биде донесена одлука за помош на Турција со цел да го запре на бегалскиот бран кон Грција, но и да се согласи да прими назад дел од мигрантите кои од нејзината територија се упатиле кон Европа, а немаат основа за добивање азил во ЕУ.
Туск најави дека Европскиот совет би требало да донесе одлука за обезбедување на 700 милиони евра наменети за хуманитрани активности на Еврокомисијата, кои во најголем дел ќе бидат наменети како помош за Грција.
- Првпат е на повидак заеднички договор во ЕУ. Ако плановите бидат почитувани, тие ќе доведат до саканиот резултат, наведе Туск до лидерите на земјите члени на ЕУ во пресрет на нивниот денешен Самит.
Парискиот весник „Фигаро“ наведува дека во нацрт-заклучоците за Самитот се посочува дека покрај затворањето на балканската рута, ќе биде направено „се што е максимално можно“ во корист на Грција, со цел таа да не се претвори во „терминал“ за мигрантите,
Како што јави дописникот на МИА од Париз, весникот оценува дека приливот на илегални имигранти преку Балканот се ближи кон својот крај, а ЕУ ќе ја поддржи Грција „во овие тешки моменти“ и ќе направи се што е во нејзина моќ да и помогне во справувањето со бегалската криза.
Ново на Сител
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Cветецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви пеpиоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
