Укинувањето на економските директори во болниците поддржано од сите пратеници, законот оди во второ читање

Пратениците во рамки на 11. седница вечерва едногласно со 81 глас „за“ го даде на натамошно читање Предлог на закон за изменување на Законот за здравствената заштита, во прво читање. Со овие измени се предвидува укинување на економските директори во 40 болници и јавно здравстевни установи. Собранието со 68 гласа „за“ и осум „против“ го донесе Предлог на закон за дополнување на Законот за катастар на недвижности.
Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека со поставувањето двајца директори во болниците се создал паралелизам и поголеми трошоци. Целта на законот, рече Таравари, е рационализација и поголема ефикасност. Подоцна во одговор на пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ, чија пратеничка група го поддржа законот, објасни дека ова е почеток на реформите што следуваат најавувајќи спојување на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека секој град ќе има своја општа болница. Максимум за една година, додаде министерот за здравство, ќе има нов закон за здравствена заштита.
Ковачевски, кој беше премиер на претходната Влада, рече дека укинувањето на економските директори било дел и од анализа која неговата Влада ја спровела за рационализација во здравството.
Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за овие 40 економски директори годишно се одвојувале 960.000 евра и уште толку за оперативни трошоци. Со овие средства, како што кажа, ќе може да се реконструираат или изградат нови здравствени домови и друго.

Со дополнувањето на Законот за катастар на недвижности ќе се овозможи зградата на ЕЛЕМ да стане Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.
Пратениците во рамки на 10 седница ја изгласаа и Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март
-

Илјадници писатели објавија „празна“ книга во знак на протест против вештачката интелигенција
-

При пожар во куќа пронајдено починато лице
-

Уапсен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал
-

Лука Дончиќ ја потврди разделбата од Анамарија Голтес: Се борам за старателство над ќерките
-

Тајна шахта за кражба на струја откриена во Тетово – Фитнес, спа и ресторан нелегално приклучени
-

За 10 дена 6.264 казни во сообраќајот: 151 лице лишено од слобода, одземени 53 возила
-

Новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет, но е во добра здравствена состојба
