Евтин лек против заболувања на крвта - делотворен противотров по каснување од кобра
Лекот „Хепарин“ што вообичаено се препишува против заболувања на крвта, може успешно да се користи како евтин противотров по каснување од кобра и други отровни змии, открива тим научници од Австралија, Канада, Костарика и Велика Британија.
Каснувањето од змии убива околу 138.000 луѓе во светот годишно - главно во посиромашните области во Африка, Јужна и Југоисточна Азија. Повеќе од 400.000 лица, пак, кои преживеале каснување, развиваат некроза - состојба во која ткивото околу каснатото место ги губи животните функции, се умртвува и претставува дополнителна опасност од труење.
Лекот не е делотворен против сите видови змии, но научниците велат дека може да биде релативно поевтин и поефективен од бројни постоечките противотрови што делуваат само против еден вид змија и не можат да спречат некроза.
Бидејќи лекот е веќе тестиран на глувци, следниот чекор ќе биде испитување на луѓе. Професор Грег Нили, од Универзитетот на Сиднеј, Австралија, кој има удел во испитувањата, изјави:
- Нашето откритие може драматично да ги намали ужасните последици на некрозата по каснувања од кобра, а ќе може и да го забави отровот, што може да ја подобри стапката на преживување. Биолошките агенси како што се отровите и токсините бараат одредено прифаќање со молекулите во телото на домаќинот, така што целта на нашето истражување беше да идентификуваме што, кај луѓето, комуницира со отровот за да развие некроза или води кон смрт.
Наодите говорат отиима мал број начини на „комуникација“ меѓу отровот и човековите клетки.
- Така, една од многу добрите работи од научно гледиште, е тоа што мислиме дека може да идентификуваме четири или пет различни начини на коишто отровите комуницираат со клетките, а потоа и да направиме универзални противотрови што може да блокираат поголем спектар на (отровите од) змии, појасни проф. Нили.
Докторантот Тијан Ду, исто така од Сиднеј, се согласува дека откритието е голем чекор напред.
- „Хепаринот“ е евтин, сеприсутен и есенцијален лек од списокот на Светската здравствена организација, заклучува Ду.
Доктор Николас Кејсвел од Ливерпул нагласува дека каснувањето од змии сè уште е најсмртоносното од сите тропски болести.
- Нашите наоди се возбудливи бидејќи сегашните противотрови се во голема мера неделотворни против посериозно зафаќање (на каснатото место), што вклучува болен брзорастечки оток, плускавци и / или ткивна некроза околу зафатеното место, што често доведува до губење на функцијата на екстремитетите, ампутација и доживотна попреченост, истакнува проф. Кејсвел.
Целта е, пред сѐ, намалување на смртноста и повредите од каснување од змија во најсиромашните заедници во светот.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
