Штипјани брзаат да се раздолжат кон општината, однапред се плаќа данокот на имот
Се повеќе граѓани на Штип данокот на имот го плаќаат пред истекот на рокот. Општината по овој основ има побарувања од 54 милиони денари на годишно ниво, а досега се инкасирани 33 милиони денари, во кој се вклучени и заостанатите долгови од претходните години.
-Што се однесува за решенијата само од 2024 година процентот на наплата е 38%. Даночните обврзници се почесто почнуваат да ги плаќаат даноците порано во текот на годината бидејќи и општината согласно ингеренциите праќа опомени и решенија за насилна наплата на данок на имот, изјави Драган Каров, раководител на одделение за администрирање на приходи ЛС- Штип
Данокот на имот треба да се плати до средината на месец ноември во тековната година. Може да се плаќа на неколку начини, во целост пред истекот на рокот или на рати.
-Согласно Закон даночното решение може да се плаќа квартално, значи да се подели сумата на четири еднакви дела или во различни делови од решението и да се плати до 15.11 во тековната година за решението за таа година. Веќе 2 години општината врши присилна наплата на оние што не платиле и процентот на наплата постојано се зголемува“ – додаде Каров.
Решението за висината се донесува најдоцна до 31 март, во годината за која се утврдува данокот на имот. Стапките на данокот на имот се пропорционални и се движат од 0,1 до 0,2% и се утврдуваат согласно видот на имотот.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар