Македонија
20. July 2024 - 16:32

Продолжуваат пожарите на Серта

Пожарите кои изминативе десетина денови беснеат на територијата на цела држава, на површина ги извадија проблемите кои се таложеле со години наназад. Вториот човек во Македонски шуми Кире Михаилов, вели дека иако тие се најодговорни за заштита и одржување на шумскиот фонд, работат во суб стандардни услови и без соодветна опрема.

-Нашите луѓе, зборувам за вработените во Македонски шуми и покрај тоа што се без здравствено осигурување, се трудиме да го надминеме тој проблем, зашто ние како ново раководство сме 10-ина денови , се соочивме со невидена „дупка“. Луѓето буквално се оставени „на влечки“ да гасат. Нема некои посебни инвестиции во делот на заштитата, во опрема на луѓето и тоа е нешто кое е проблем- изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на Македонски шуми

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во последното деноноѓие регистрирани се вкупно 35 пожари. Од нив 12 се се уште активни, а 23 се изгаснати. Нискостебеста шума, грмушки и сува трева гори во општините Чашка, Росоман, Кавадарци, Долнени, Велес, Македонски брод и Ново Село. Во Делчево гори градската депонија, а се уште е активен и пожарот кај селата Драгоево, Селце и Пиперово од штипската страна на планината Серта.