Loading Video...
Свет
18. July 2024 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Претседателот на САД Џо Бајден е позитивен на Ковид-19. Има благи симптоми, му тече носот и кашла и прими прва доза од лекот „паксловид, изјави  лекарот на Бајден. 

Од Белата куќа соопштија дека тој  ќе ги извршува претседателските обврски од својот дом во Делавер, а ќе направи пауза во предизборните настани.

81 годишниот Бајден се разболе во време кога сè повеќе истакнати членови на демократите бараат да се повлече од кандидатурата за претседателските избори на 5 ноември поради неговата возраст. Пред неколку дена Бајден изјави дека би се повлекол единствено во случај докторите да оценат дека постои медицинска состојба која го попречува.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го оквалификува убиството на полицаец и ранувањето на друг полицаец синоќа во Лозница како терористички напад на албански структури од Косово. Инцидентот се случил за време на рутинска контрола на возила на на пункт во Липнички бор, кога полицските службеници запреле мерцедес со тутинска регистрација, во кој имало две лица. Кога почнала проверката на идентититети, совозачот пукал од пиштол кон полицајците, по што избегал.

На местото на настанот се пронадејни косовски пасош и германска лична карта на име Артан Хајризи. Се проверува дали напаѓачот е Артан или неговиот брат кој неодмана избегал од затврот, вели Дачиќ.  Возачот е приведен, а во тек е интензивна потрага по напаѓачот. 

Урсула фон дер Лајен е реизбрана за претседателка на Европската комисија. Истакна дека проширувањето на ЕУ останува меѓу клучните приоритети во новиот петгодишен мандат. Потсети дека зачленувањето се темели на заслуги, но нагаласи дека ќе ги поддржат кандидатските земји со инвестиции во текот на спорведувањето на реформите.

- Западниот Балкан, Украина, Молдавија и Грузија го направија нивниот слободен избор. Тие избраа слобода наместо угнетување, тие избраа демократија наместо зависност и некои од нив платија многу висока цена за овој избор. Затоа ние мора да го направиме нашиот избор и да искажеме посветеност дека нивната иднина ќе биде слободна и просперитетна во нашата Европска Унија, рече Фон дер Лајен во обраќањето.

Европскиот парламент со големо мнозинство одлучи Урсула да добие нов мандат како претседател на Европската комисија. Доби 401 глас во нејзина корист и 284 против на тајното гласање во 720 лечниот парламент.